МХЕ Тополки: Склучување договор за закуп на државното земјиште е обврска која произлегува од сите стандардни Договори за концесија

Од:

„ВМРО ДПМНЕ со изнесување лаги и невистини повторно се обидува да ја манипулира јавноста. Таква беше и вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ на која беше изнесена невистина дека МХЕ Тополки по пат на непосредна спогодба добило градежно земјиште за изградба на мала хидроцентрала, што претставува класичен пример на манипулација на јавноста.

Сакаме да ја информираме јавноста дека давање на државно земјиште на користење под долготраен закуп за изградба на објекти од јавен интерес, какви што се малите хидроелектрани, е редовна административна постапка согласно Законот за градежно земјиште и е задолжителна обврска согласно одредбите од сите Договори за концесија за изградба на мали хидроелектрани.

Конкретно, обврската за склучување Договор за долготраен закуп на државното земјиште за кој согласност треба да даде Владата, произлегува од Договорот за концесија на МХЕ Тополки ДОО кој е изработен од претходната власт и е потпишан со државата во 2015 година. Ова земјиште кое се дава под долготраен закуп останува сопственост единствено на Република Македонија, и во ниеден случај не се пренесува сопственоста на МХЕ Тополки ДОО. Исто така, по истекот на концесискиот период, целосниот објект кој е инвестиција на МХЕ Тополки ќе се предаде во државна сопственост.

Потенцираме дека постапките спроведени за реализација на договорот за Концесија на МХЕ Тополки како што е конкретната за склучување на договори за долготраен закуп на земјиште се идентични со постапките со кои досега се изградени над 70 мали хидроцентрали во Република Македонија и на други концесионери.

Со ваквите невистинити тврдења и обвинувања изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тенденциозно и намерно се прави обид за нанесување на штета на Друштвото МХЕ Тополки, како и на неговите основачи кои што градат објекти од јавен интерес, а кои се за доброто на сите граѓани на Македонија. Од таа причина бараме јавно извинување од ВМРО ДПМНЕ во рок од три дена за конкретното неосновано обвинување, во спротивно Друштвото МХЕ Тополки ќе биде принудено да покрене соодветни судски постапки“, се вели во реакцијата МХЕ Тополки на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее