МФ: Усвоен ребалансот, обезбедени средства за поддршка на здравството и за реализација на четвртиот пакет-мерки

Од:

Усвоен е ребалансот на Буџетот за 2020 година со што се обезбедуваат дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети со цел справување со здравствената криза предизвикана од ковид-19, како и средства за реализација на четвртиот пакет-мерки, кој има за цел да обезбеди економско заздравување. Со тоа се обезбедува одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности и обезбедување политики коишто ќе помогнат во продолжување на позитивните трендови на македонската економија, по завршување на кризата. Воедно со ребалансот се обезбедуваат повеќе средства и за студентскиот и ученичкиот стандард.

– Секојдневно се бориме за секој човечки живот, за секое работно место. Со овој ребаланс се обезбедија дополнителни средства за брзи тестови за ковид-19, како и за медицински персонал којшто е директно вклучен во борбата со коронавирусот. Истовремено со ребалансот се обезбедија средства за реализација на четвртиот сет мерки коишто ќе овозможат ревитализација на економијата преку поддршка на работните места, на инвестициите и извозот на компаниите и на ранливите категории граѓани, потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Со ребалансот се обезбедуваат средства за спроведување на четвртиот пакет мерки за: финансиска поддршка на работодавците за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година, финансиска поддршка на ранливите категории граѓани погодени од ковид 19, поддршка на производителите, преработувачите и извозниците на грозје, наливно вино и вино во шишиња, државна гарантна шема и царинска гаранција преку Развојната банка, грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби, поддршка на дејноста туристички водичи регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година како и поврат на средствата од „Викенд без ДДВ“.

Дополнително со ребалансот преку амандмани, се обезбедени средства за финансиска поддршка за децата без родители, за мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, за изградба на дел од третиот крак на водоснабдителниот систем во село Липково и водоснабдување во Мала Речица, за довршување на филтер станиците во Штип и Карбинци.

Со овој ребаланс на Буџет со дефицит на ниво на просекот на земјите од ЕУ се обезбедува справување со ефектите од досега најголемата економска криза на светско ниво предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6