МФ: Предложените измени за сметководствени услуги не прават промени во постапката за признавање квалификација од странство

Од:

Предложените измени на Законот за вршење на сметководствени услуги не прават никакви промени на тековниот пазар на сметководствени услуги во земјава, туку само се допрецизира тековното решение во однос на професионалната квалификација стекната во странство, наведува Министерството за финансии во писмената реакција на денешната прес-конференција на Комората на сметководители.

dobivaj vesti na viber

Во реакцијата се додава дека не се менува досегашниот концепт на постапката за признавање на квалификацијата стекната во странство.

– Со тековните одредби физичко лице кое има професионална квалификација за сметководител или овластен сметководител од странство и сега може да се стекне со уверение за сметководител, односно овластен сметководител по претходно полагање на испити според Програмата која ја утврдува Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно закон. Со предложените измени се допрецизира дека законската постапка се однесува на секое лице кое има професионална квалификација стекната во странство, а сака да се стекне со уверение за сметководител или уверение за сметководител издадено од Институтот, се појаснува во реакцијата.

Министерството посочува дека пристапот на нашиот национален пазар на сметководствени услуги на даватели на сметководствени услуги на европскиот економски простор, ќе се случи по пристапувањето на земјава во Европската унија, односно кога севкупниот наш пазар ќе стане дел од единствениот европски внатрешен пазар.

Од ресорното Министерство нагласуваат дека е предвидено изготвување на нов Закон за сметководствени услуги, кој, како што велат, ќе се носи преку инклузивен процес и на транспарентен начин.

Комората на сметководители денеска на прес-конференција побара повлекување на законските измени на Законот за сметководствени работи и итна средба со министерот за финансии и претставници на Секторот за финансиски систем. Според нив, измените се дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата. Велат дека измените предвидуваат слободен влез во професијата за странски државјани од земјите членки на Европската економска заедница и се дискриминираат домашните сметковидители кои го имаат немаат ова право интернационално.

Би можело да ве интересира

Николоски на Самитот на министри за финансии: Посветени сме на менаџирање со енергетската криза и креирање политики за одржлив економски раст

Бесими: Воспоставуваме современ начин на управување со финансиите со поголема предвидливост и одговорност во трошењето на јавните пари

Ана Ололовска

Бесими-Камер: За одржлива економија реформите во јавните финансии мора да продолжат и за време на кризата

Ана Ололовска

МФ: Пoлитичките партии дел од јавната дебата за даночната реформа – Инклузивноста создава одржливи решенија

Ана Ололовска

МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена

Ана Ололовска

Бесими: Дали ќе има прогресивен данок или не – ќе се одлучи низ јавна дебата

Ана Ололовска