МФ: Нето повлекувањето преку ДХВ е намалено за 40% во однос на 2012-2016 година

Од:

„Нето-повлекувањето на аукциите е намалено за околу 40%, ако се спореди просекот последниве две години со просекот од 2012-2016 година. Бројот на аукции на државни хартии од вредност е намален од 4 на 2 аукции месечно.

Со издавањето на државните хартии од вредност се финансираат: прво, стари долгови по основ на претходни аукции кои доспеваат за наплата-денес на пример се вратени 9 милиони евра и второ – финансирање на дефицитот предвиден со Буџетот за 2019 година, изгласан од Собранието.

Согласно буџетот за 2019 година и одлука на Влада, за финансирање на буџетскиот дефицит од домашни изори, односно преку аукции ќе се повлечат 150 милиони евра. Нето повлекувањето досега изнесува 134 милиони евра и е под тој планиран износ. За споредба во 2012 година нето-повлекувањето изнесувало 446,7 милиони евра.

Истовремено, во однос на претходните години, неколкукратно се намалени каматните стапки на државните хартии од вредност, така што се стеснува долгот кој треба понатаму да се рефинансира.

Како резултат на водење на прудентна политика на јавниот долг последниве две и пол години, јавниот долг е стабилизиран и е на ниво под 2016 година. За разлика од периодот од 2008 до 2016 година, кога јавниот долг скокна од 23% на 48,8%, сега тој изнесува 47,7%“, се вели во реакцијата на Министерството за финансии на изјавата на Лилјана Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска