МФ: 2 милиони евра грант за набавка на фотоволтаични системи за 35 општини

Од:

Градинки, училишта, општински згради и други јавни објекти во општините ќе може самите да произведуваат струја од фотонапонски системи, кои ќе им бидат доделени преку Проектот за подобрување на општински услуги на Министерството за финансии.

Станува збор за два милиона евра грант средства преку ИПА-компонентата на Европската унија, коишто ќе бидат наменети за набавка на фотоволтаични системи за јавни објекти.

Од Министерството за финансии денеска соопштија дека грантот е наменет за 35 општини во четири региони со најнизок БДП по глава на жител и оти општините ќе треба да ги идентификуваат објектите кај кои ќе биде најкорисно да се инсталираат вакви системи.

– Со набавката на фотонапонските системи ќе се направат значајни заштеди за струја кај овие јавни објекти, со што ќе се намалат трошоците на општините. Едновремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија согласно стратешките напори на Владата за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

На барање на Владата, Европската Унија се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20,7 милиони евра.

Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а таа е администрирана од Светска банка како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги. Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови.

Би можело да ве интересира

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20 отсто повеќе од лани

Ана Ололовска

Силјановска-Давкова: Нема правен основ за Заев да раководи со финансиите, но каде се финансиите таму е моќта

Кристијан Ландов

Владата го овласти Заев да ги креира политиките во Министерството за финансии

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Уште не сум министер за финансии, чекам решение од Влада

Галена Николовска-Ризвановиќ

Антикорупциска: Премиерот не може да биде и министер за финансии

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Од 1 јули поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните

Ана Ололовска