Меркел не знае ништо за нова понуда во последен момент за Грција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ги минимизираше сите надежи за постигнување договор во последен момент со Грција, само неколку часа пред истекот на договорот за финансиска помош, велејќи дека не знае за никаква нова понуда од страна на претседателот на Европската комисија.

– Вечерва точно на полноќ по централно европско време програмата ќе истече. И јас не сум запозната со никакви други реални индикации за нешто друго, рече Меркел на прес-конференција со премиерот на Косово.

– Покрај ова, јасно е дека ние нема да ги затвориме каналите за комуникација по полноќ … тоа значи дека вратата останува отворена за разговори, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа, рече таа.

На прашањето дали знае за некаква понуда во последен момент за Грција од страна на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Меркел одговори дека според неа, последната понуда од Комисијата е од петокот минатата недела.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски