Меркел: Договор за грчкиот долг пред вонредниот самит на ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека мора да се постигне договор меѓу Грција и нејзините кредитори пред вонредниот самит на ЕУ најавен за понеделник, јави денеска Би-Би-Си.

Според Меркел, во спротивно на самитот нема да може да се донесе каква било одлука.

Грција мора до 30 јуни да плати рата од кредитот во вредност од 1,6 милијади евра на ММФ. Со тоа Грција до крајот на месецот би можела да банкротира врз основа на долгот кон ММФ, ако не биде посигнат договор за исплата на преостанатите средства од актуелната програма за финансиска помош на земјата.

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера повторно ги зголеми средствата за ликвидност кои се на располагање на грчките банки по барање на централната банка на Грција, но не објави за кој износ станува збор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски