МЕПСО ја модернизираше опремата во ТС „Струга“

Од:

МЕПСО изврши ревитализација на високонапонска опрема во 110/х киловолтната трансформаторска станица „Струга“ и со тоа го зголеми нивото на доверливост и сигурност во снабдување со квалитетна електрична енергија во струшкиот регион за претстојната зимска сезона, информираат од компанијата.

Нивните стручни лица во периодот од 18 септември до 12 октомври извршиле промени на прекинувачи кои беа во експлоатација триесетина година.

– Монтирани се два нови прекинувача со што е зголемена доверливоста на електропреносниот систем и со тоа за претстојната грејна сезона е сведен на минимум ризикот од испади и дефекти. Воедно со нови беа заменети и шест мерни напонски трансформатори во постројката, а извршени се и градежни работи во полињата каде е поставена примарната опрема. Во процесот на ревитализација на опремата во оваа трафостаница МЕПСО вложи околу 100.000 евра, прецизираат од МЕПСО.

Ревитализацијата на високонапонска опрема во трафостаницата „Струга“ е дел од тековните активности за модернизација на постројките од преносната мрежа. За овој процес МЕПСО лани во октомври набави високонапонска опрема во вредност од 1,87 милиони евра што е дел од заемот од Европската банка за обнова и развој.

– Во југозападниот дел на земјава, во рамки на своите приоритети, стручните тимови на МЕПСО се ангажирани и на ревитализација во трансформаторска станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар и во трансформаторската станица „Битола 1“, процес што е планирано да заврши до 10 ноември, годинава, порачуваат од МЕПСО.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски