МЕПСО го стави под напон новиот 110 kV далекувод што ги поврзува Скопје и Тетово

Од:

МЕПСО го изгради и денеска го стави под напон, во пробна работа, новиот 110 kV (киловолтен) далекувод што ги поврзува трансформаторските станици: „Скопје 1“ – „Југохром“ – „Теарце“ – „Тетово 1“.

dobivaj vesti na viber

Oвој проект стратешки и системски е од круцијално значење за националната преносна мрежа затоа што овозможува стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија на тетовскиот и на скопскиот регион, две најголеми конзумни подрачја во електроенергетскиот систем на Република Македонија.
-Новиот далекувод е изграден со цел да се одговори на растечките потреби за потрошувачка на електрична енергија на полошкиот регион и да се обезбеди стабилно и доверливо снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија за среднорочен период во идните дваесетина години, истакна Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО.

ваа инвестиција на МЕПСО надминува 3,5 милиони евра. Проектот е финансиран од сопствени средства на МЕПСО и со кредитна линија од Светска банка. Новиот далекувод ќе го замени постоечкиот што беше во функција подолго од 60 години кој беше поставен на армирани-бетонски столбови. Сега сите армирано-бетонски столбови се заменети со нови челично-решеткасти столбови. Дел од столбовите се на постоечката траса на која и досега постоеше 110 kV далекувод, а дел се изградени на нова траса. Далекуводот има вкупно 187 столбни места, а ново изградени се 158 челично-решеткасти столбови. Вкупната должина на далекуводот што ги поврзува трансформаторските станици „Скопје 1“, „Југохром“, „Теарце“ и „Тетово 1“ е 48 километри. Изградбата на далекуводот траеше 1 година.

Овој проект опфати поставување на нови далекуводни столбови, нови спроводници за пренос на електрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. Воедно, во рамки на овој проект извршени се прилагодувања во сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект при што е поставена потребна современапримарна и секундарна високонапонска опрема. Најзначни промени и модернизација беше извршена во трансформаторската станица „Југохром“ каде што , во рамки на овој проект, во целост е модернизиран собирничкиот систем на 110 kV напонско ниво.

Апелираме, месното население кое гравитира околу трасата на далекуводот строго да се придржува до поставената сигнализацијата за предупредување од опасност поставена на далекуводните столбови. Со цел зачувување на безбедноста при изведување на какви било земјоделски работи или градежни активности во близина на далекуводот. Далекуводот поминува низ териториите на општините: Бутел, Чучер – Сандево, Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Јегуновце и Тетово, информираат од МЕПСО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пуштен е во употреба 110 кV далекувод „ТС Штип-ТС Овче поле“

Ана Ололовска

Формирана работна група која треба да открие зошто Скопје остана без струја во неделата

А1он

МЕПСО: Компанијата во континуитет е предмет на неосновани напади од ВМРО-ДПМНЕ, партијата веднаш да се извини

Ана Ололовска

Почна изградбата на далекуводот за поврзување на електропреносните системи на Македонија и на Албанија

МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при ракување со опремата за наводнување во близина на далекуводи

Ана Ололовска

Рамадани: Побаравме скоро двојно зголемување на цената за пренос на струјата