МБА: Банките се подготвуваат да постапат по Уредбата за кредитите, олеснување секаде каде што ќе биде потребно

Од:

Банките и штедилниците во согласност со донесената Уредба, ќе подготват и понудат можности на клиентите за променети договорни услови со цел ублажување на негативните економски ефекти на пандемијата со Ковид-19, која директно се одрази на дел од компаниите и физичките лица и нивната способност за редовно сервисирање на долговите.

Од Македонската банкарска асоцијација наведуваат дека нејзините членки активно се подготвуваат да постапат согласно Уредбата при што истакнуваат дека Уредбата претставува олеснување за клиентите корисници на кредитен производ за изменување на условите секаде каде што ќе се утврди дека тоа е потребно.

Со Уредбата е пропишано банките и штедилниците да ги применат достапните мерки алтернативно или кумулативно, односно на своите интернет страници, или преку писмена или електронска комуникација, да ги известат клиентите за понуда која ќе вклучува промена на условите за сервисирањето на кредитната изложеност и/или да одлучуваат по секое поединечно барање доставено од должниците за промена на условите за сервисирањето на кредитната изложеност поднесено (писмено или електронски) и преку електронска комуникација да достават понуди до поединечните должници или ги известат за одбивање на барањето.

Македонската банкарска асоцијација, како што информираат, во периодот што следи ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за надминување на сите проблеми предизвикани од оваа криза со најмали последици за сите чинители на нашето општество.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

НБРМ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година