Мартенс: По кризата сакаме да играме водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи

Од:

Директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс ги потсетува компаниите членки дека стартуваше почетниот сигнал за отпочнување на преговорите за пристапување во Европската Унија за Албанија и Северна Македонија и им вели дека по завршувањето на кризата со коронавирусот сака да играат водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи.

– Сега во земјите треба да се подобрат економско-политичките рамковни услови како и да се реализираат нови инвестиции во инфраструктурни проекти, само на тој начин Албанија и Северна Македонија ќе бидат заштитени од заминување на работоспособните кадри и празнење на државите, вели Мартенс.

Како начин за останување на кадрите во земјава тој го посочува дуалното стручно образование што се реализира по германскиот модел.

– Нашите компании партнери во спроведување на дуалното стручно образование, како и средните училишта кои се дел од овој проект даваат мал придонес во рамките на стручното образование. Среќни сме што во август ќе воведеме дуално стручно образование и во градовите Скопје и Тетово, посочува Мартенс.

Во последните две недели, додава тој, бевме во постојан контакт со Владата.

– Имавме можност да и ги пренесеме Вашите грижи и да побараме објаснување на прашања кои во моментов не Ви се јасни. Во моментов за мене најприоритетна е задача да водам активна комуникација за кризата со Владата за јасно да ги изразам Вашите интереси и грижи пред нејзе. Сите наши сили сега се фокусирани на опстанокот на Вашата компанија. По кризата сакаме да играме водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи, им порачува Мартенс на германските компании во земјава.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов