Мали се шансите за компромис за ЕУ буџетот, можен нов самит во март

Од:

При пристигнувањето во зградата на Советот на ЕУ, лидерите признаа утрово дека не верува дека е можен компромис за буџетот на ЕУ на овој самит.

Данската премиерка, Мете Фредериксен, чија земја се залага за што поскромен буџет, кусо порача дека е подготвена да остане на самитот цел викенд, но дека не верува дека ќе биде постигнат договор.

Слична порака упати и финската премиерка, Сана Марин.

-Мора да има консензус ако сакаме договор, Финска се обидува да биде свртена кон компромис и се надевам дека ќе постигнеме договор, но се чини доста тешко, изјави Марин пред новинарите пред почетокот на вториот ден од вонредниот буџетски самит на ЕУ.

Финска е поблиска до ставовите на “скромните“ како Данска, Шведска, Австрија и Холандија, и смета дека предлогот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел е превисок. Мишел предлага земјите членки да издвојат 1,07 отсто од нивното БДП за ЕУ буџетот. Другиот табор на земји бараат значително поголем придонес од еден отсто од БДП.

-Сите треба да бидеме флексибилни и да ставиме нешто на земја, ова е одлука што треба да ја донесеме заедно но изгледа тешко ќе биде денеска да се случи, рече финската премиерка.

Белгиската премиерка, Софи Вилмес, потврди дека разликите помеѓу земјите се огромни и дека постигнувањето компромис ќе биде тешко.

-Знам дека предлогот е плод на компромис и треба да водиме сметка за заминувањето на земја со нето придонес, како и за тоа дека сакаме нови политики, земјите членки ќе треба да дадат малку повеќе, но сите имаме свои внатрешни буџетски траектории, некои области се повеќе или помалку во согласност со домашните политички агенди, така што гледате дека е многу тешко, рече Вилмес.

Хвратскиот премиер, Андреј Пленковиќ, изјави дека на денешната седница на Европскиот Совет очекува Шарл Мишел да каже како се одвивале билатералните средби ноќва и каков ќе биде новиот обид за компромис.

Мишел до седум часот утрово водеше билатерални средби со речиси секоја од земјите членки за да ги разбере нивните позиции и врз основа на тоа можеби да изготви нов компромис.

Втората седница на самитот започнува денеска на пладне, но неизвесно е до кога ќе трае.

Би можело да ве интересира

Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно во борба против коронавирусот

А1он

Варга: Епидемијата на Ковид-19 е единствен предизвик за ЕУ

А1он

Европската комисија експлицитно ги осуди унгарските владини мерки

А1он

Фон дер Лајан: Новиот буџет на ЕУ како нов Маршалов план

Ана Ололовска

ЕК: Не ја доведувајте во прашaње ЕУ, ќе ја победиме и оваа криза

А1он

Борел: Пристапните преговори со Северна Македонија се вистинската одлука на ЕУ, честитки и за членството во НАТО

А1он