Мал пад на акциите на европските берзи пред потпишувањето на договорот меѓу САД и Кина

Од:

На европските берзи утрово имаше благ пад на акциите пред потпишувањето на првата фаза на трговскиот договор меѓу САД и Кина, бидејќи инвеститорите се двоумат поради најавата од Вашингтон дека царините на кинескиот увоз остануваат на сила.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше околу 9,30 плус 0,1 проценти.

Во Лондон индексот FTSE падна за 0,15 проценти на 7.632 поени, додека франкфуртскиот DAX оствари 0,10 проценти на 13.445 поени и парискиот CAC 0,05 проценти на 6.033 поени.

Цените на акциите утрово се зголемија и на азиските берзи, така што MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските, се зголемија за 0,15 проценти.

На берзата во Токио, пак, индексот Nikkei се зголеми за 0,1 проценти на 23.937 поени.

Американскиот претседател Доналд Трамп и заменик кинескиот премиер Лиу Хе вчера во Вашингтон ја потпишаа првата фаза од трговскиот договор. Со тоа е завршена трговската војна меѓу САД и Кина, која негативно влијаеше на глобалната економија повеќе од 18 месеци.

Според потпишаниот договор, Кина во наредните две години треба да купи американски производи и услуги во вредност од околу 200 милијарди долари, наспроти досегашните 186 милијарди долари.

Но, царините што досега ги воведоа двете страни остануваат.

Трамп најави дека царините ќе бидат укинати кога ќе се постигне договор и во втората фаза, за што наскоро треба да почнат преговорите.

Би можело да ве интересира

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски