Макпетрол со нова наградна игра за 2019 година на програмата за лојалност ВЕРНА

Од:

Макпетрол ја промовираше новата наградна игра за 2019 година на програмата за лојалност ВЕРНА.

„Макпетрол, како веќе докажана одговорна компанија која е ориентирана пред се кон потрошувачите, и во 2019 година, четврта година по ред продолжува да ги наградува членовите на ВЕРНА програмата за лојалност. Оваа година продолжуваме со наградната игра под мотото „Со Верна полни и секогаш добиј“, во која ќе се доделат многу вредни награди“, се наведува во соопштението од компанијата.

Наградната игра, како што посочија оттаму започнува на 1-ви март, а ќе трае до 9-ти декември, 2019 година. Во тој период ќе се одржат девет редовни и четири мастер кола, како и едно финално коло, велат од Макепетрол.

Лојалните корисници на ВЕРНА картичката за лојалност ќе се здобијат со многу вредни награди. Со секои впишани од 10 до 19 поени на ВЕРНА картичката потрошувачите се стекнуваат со една шанса за награда. Доколку пак, потрошувачите впишат 20 и повеќе поени во една трансакција автоматски добиваат 2 шанси за награда.

„Секој месец подаруваме лаптопи Dell, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга или Маврово, ваучери за гуми, ваучери за Лубекс-моторни масла, ваучери за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна поени.

Главни награди што ќе бидат доделени во овогодинешната наградната игра се: косилка за трева Honda HRX 537 HY, скутер Honda SH150, четирицикл ATV Honda TRX 500 FM, гумен чамец Highfield CL380 со мотор Honda 20 KS и приколка, како и фантастичната Honda HR-V 1,5 Elegance Navi“, се наведува во соопштението.

Оваа година, посочуваат од Макпетрол, повеќе од 155.000 корисници на Верна програмата се потенциални добитници. Со секојдневното зголемување на оваа бројка, велат расте и нивната мотивација за уште повеќе награди и изненадувања како симбол на благодарност за долгогодишната доверба и соработка.

„Затоа покрај оваа наградна игра ќе бидат организирани и неколку други кампањи и промоции наменети за членовите на ВЕРНА програмата за лојалност. Оние потрошувачи кои сеуште не извадиле картичка ВЕРНА, тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на своите податоци на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од најмалку 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, ‘Со Верна полни и секогаш добиј’“, велат од Макпетрол.

 

Би можело да ве интересира

Политики за поттикнување на употреба на автогас

Ана Ололовска

ЕУ директива за чисти возила

А1он

„Макпетрол“ реагира на измените на Правилникот за формирање највисоки малопродажни цени на нафтените деривати

Ана Ололовска

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува. Реновирана и модернизирана бензинската станица на влезот во градот Прилеп

Ана Ололовска

Конвертирањето на постојната флота возила на метан и автоплин е најевтино и најбрзо решение

Ана Ололовска

Макпетрол АД со помош за Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Донирани две паралелни сензорски врати со изолаторен дел помеѓу нив

Ана Ололовска