Макпетрол презентираше ново упатство за безбедно ракување и користење на своите производи

Од:

Денеска, на прес-конференција, компанијата промовираше уште една безбедносна мерка, односно кратко упатство за безбедно ракување и користење на боците со ТНГ.

„Во ова време кога светот е во потрага по горива со помала емисија на штетни материи, природниот гас и течниот нафтен гас (ТНГ) стануваат се поважни. Тие заменуваат повеќе видови на горива-загадувачи, помалку го загадуваат воздухот и емитуваат помали емисии на јаглероден диоксид при нивното согорување“.

Во нашата земја се поголем број на домаќинства го користат ова гориво, па токму поради тоа денешниот настан е посветен на една новина поврзана со продажбата на ТНГ, односно течниот нафтен гас за домаќинства.

Течниот нафтен гас во боци е мешавина од пропан и бутан што се полни во боци со тежина од 2, 3, 5, 10, 23, 35 кг, како и боци за вилјушкари од 23 кг. Истите се применуваат секаде каде што е потребен лесно пренослив енергенс што, истовремено, едноставно и сигурно се доставува. Како замена за електричната и другите видови енергии, боците со ТНГ се користат во домаќинствата, индустријата, занаетчиството и тн.

Како компанија која се грижи за своите потрошувачи сметавме дека е потребна одредена едукација на потрошувачите на ТНГ за домаќинства бидејќи при користење на алтернативни горива можно е да се соочиме со одредени опасности доколку правилно не се употребуваат.

Макпетрол досега има преземено низа соодветни безбедносни мерки и препораки што се однесуваат на безбедно ракување и користење на овој производ. Имено, компанијата поседува своја современа карусел полнилница каде што се врши проверка на наполнетоста на секоја боца, а по завршениот процес на полнење и проверка на исправноста, се врши поставување на специјални заштитни капи на вентилите на боците, со што се гарантира точноста на наполнетоста на боците и нивната техничка исправност. Макпетрол е единствен на пазарот во републиката што поседува сертифициран сервис за контрола и сервисирање плински боци и противпожарни апарати со што се обезбедува нивна максимална исправност и претставува гаранција за сигурноста и безбедноста при ракување со пропан-бутан гасот.“ – кажа Сашо Дамчевски, раководител на полнилница Миладиновци – Макпетрол.

Упатството во форма на отпечатен пластичен диск отсега ќе биде составен дел од боците со ТНГ на Макпетрол. Преку оваа новина корисниците ќе бидат соодветно информирани за потребните безбедносни мерки за ракување, користење и чување на боците ТНГ за домаќинства.

„Од денес, вака опремени боци ќе бидат достапни на сите бензински станици на Макпетрол каде што се продаваат боци со ТНГ за домаќинства, така што ова кратко упатство ќе го добијат сите наши потрошувачи-корисници на боците со ТНГ за домаќинства и при тоа, што е најважно, значително ќе се зголеми степенот на безбедно ракување и користење на боците со ТНГ.

Макпетрол следејќи ги светските стандарди и понатаму ќе продолжи да се грижи да обезбеди квалитетни услуги и производи. Горди сме што можеме да кажеме дека Макпетрол овозможува квалитетен пакет кој го сочинуваат производите и услугите поврзани со истите, бидејќи веруваме дека нашите потрошувачи тоа и го заслужуваат. Оваа заложба на компанијата е препознаена и наградена од нашите верни корисници што секогаш ни претставува поттик за нашата понатамошна работа.“ – додаде Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг – Макпетрол.

Потсетуваме исто така, дека во наредниот период, како составен дел на боците за домаќинство на Макпетрол ќе биде и специјален клуч за затегнување на матицата од регулаторот на притисок кон боцата за течен нафтен гас со што значително ќе се олесни приклучувањето на боцата кон потрошувачите од домаќинствата што користат ТНГ.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство