„Макпетрол“: Не сакаме да бидеме параван во тендери за гас што фаворизираат една компанија

Од:

И покрај големите најави за либерализација на веќе либерализираниот пазар со природен гас, изминатиов период сме сведоци на фаворизирање на една компанија при набавката на гас и од таа причина „Макпетрол“ одлучи да не учествува на овие јавни повици.

Пресметките за јануарската набавка објавена од „ЕСМ продажба“ покажуваат дека севкупната понуда на „Макпетрол“ во моментот на поднесување беше пониска од таа на компанијата што беше избрана за победник на тендерот. Единствената разлика беше што нивната цена беше фиксна, но дури и како таква, таа не донесе никаква придобивка.

Напротив, како резултат на движењата на светските берзи, за количините потребни за јануари, „ЕСМ продажба“ можеше да плати над милион евра помалку доколку се придржуваше до основните пазарни услови на функционирање, односно, ако цената на гасот беше променлива и директно поврзана со цената на берзите.

Дополнително, „ЕСМ продажба“ со јавноста сподели информација дека доставила покана за повикот за февруари до сите компании во Македонија што можат да испорачаат гас, но до денес, таква покана не е пристигната до „Макпетрол“.

Како резултат на тоа, „Макпетрол“ одбива да биде набљудувач и покритие во тендери што очигледно фаворизираат еден учесник и затоа нема да поднесе понуда на јавниот повик за набавка на природен гас.

Што се однесува до редовните потрошувачи на „Макпетрол“, снабдувањето ќе продолжи непречено како и досега. За февруари за нив ќе биде обезбеден гас по цена пониска за најмалку 30 проценти споредено со цената во јануари.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство