Макпетрол Инфо Поинт: Кога е време да ги оставите клучевите и како да возите безбедно на повозрасни години

Од:

Во согласност со закон возачите може да ја продолжуваат важноста на својата возачка дозвола до 75 години, но како повозрасните возачи да знаат кога е вистинско време да ги остават клучевите. Сепак, прашањето кога треба да се откажеме од возење не е поврзано со годините, туку со тоа колку сме способни безбедно да учествуваме во сообраќајот.

Самото стареење не треба да влијае на способноста за возење, бидејќи многу повозрасни возачи имаат подобро здравје и психофизичка состојба од некои возачи што се и десетина години помлади и можат безбедно да функционираат.

Но, важна е самокритичноста да се препознаат првите предупредувачки знаци за небезбедно возење – како што е намалена самодоверба при возење, замор при возење и при помали дистанци, задоцнета реакција во критични ситуации, тешкотии при држење правец или допирање на рабниците при вртење, како и возење премногу бавно или премногу брзо за условите на патот.

Често, првите сигнали ги забележуваат блиските од семејството, а не самиот возач. Во такви случаи, потребно е поголемо внимание како ќе се отвори таа тема, за да не се предизвикаат негативни емоции, особено што повозрасните возачи особено ја ценат самостојноста во движењето што ја нуди возењето автомобил.

Во секој случај, најдобро е таа тема да ја отворите полека, со прашања дали возењето им предизвикува стрес или нервоза, дали ги забележуваат несовесните и ризични возачи или да оставите таквиот разговор да го отвори лекар или експерт на таа тема.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство