„Макпетрол“ ги намали цените на природниот гас и на CNG

Од:

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец ноември ќе се намали за 500 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец октомври ова година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 49,5 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 184 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 134,50 денари за килограм или 96 денари за литар.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

„Макпетрол“: Природниот гас и метанот во јуни достапни по пониски цени

Горан Наумовски

„Макпетрол“ ќе учествува на медитеранското карате-првенство во Тунис

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Обновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Свети Николе

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра