Македонското вино претставено и во Словенија

Од:

Македонските винарии, Тиквеш, Сковин, Бовин и Камник, организирани преку здружението Вина од Македонија, денеска и утре,  во Љубљана ги претставуваат своите вина на најпрестижниот вински фестивал во Словенија што се одржува во просториите на хотел „Унион“.

Фестивалот на вино и гастрономија, на кој годинава се присутни 130 изложувачи од Словенија, Австрија, Италија, Хрватска и Македонија, се одржува по 15. пат и е најпосетуван вински фестивал во Словенија.

Во организацијата на овој настан вклучени се Амбасадата на Република Македонија во Словенија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Претставниците на четирите македонски винарии ќе имаат свои презентации, дегустации и одвоени состаноци со потенцијалните увозници.

– Целта на присуството на овие настани е пробивање на македонското вино на пазарите во Европската унија според маркетинг-стратегијата за извоз на вино во ЕУ која ја изработија винариите. Со оваа стратегија Холандија, Полска, Словенија и Швајцарија се оценети како најперспективни пазари од ЕУ за македонското вино, велат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор