Македонските власти ќе бараат од Косово објаснување за забраната за увоз на компир и мед

Од:

Македонските власти ќе побараат од Косово објаснување со аргументи врз основа на кои меѓународни стандарди е донесена мерката на Приштина за забрана на увоз на компир и мед од земјава.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска изјави дека македонските производи ги задоволуваат светските стандарди и нема основа изјавата на косовските власти за причините за забрана за увоз на компир и мед.

– Ќе побараме од косовските власти во текот на утрешниот ден со аргументи да ни објаснат врз основа на кои меѓународни стандарди ја воведуваат забраната. Не држи изјавата на Косово дека со ЦЕФТА договорот или по други меѓународни стандарди може да ни воведат забрана, истакна Атанасов, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на новиот Правилник за условите за ставање во промет на храната од животниско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи.

Атанасов не даде одговор дали се размислува за некакви контра мерки и за одговор на ова прашање, упати до надлежните органи.

Во петокот, косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља наложи забрана на увоз на компири и мед од Северна Македонија како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увоз на риба за порибување од Косово. Забраната, како што изјави Шаља за порталот „Газета експрес“, ќе остане во сила се додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат одлуката за увозот на риба за порибување.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он