Македонските вина ќе се извезуваат под ознаката „повардарски“

Од:

До крајот на годинава Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло „повардарски“. Оваа географска ознака, што е веќе дефинирана, најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.

– Со географскиот индикатор „повардарски“, македонските вина ќе може да се борат на светската арена паралелно со вината од другите земји. Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат, изјави Фредерик Жулие од ФАО по денешната промоција на „повардарски“.

Иницијатор за воведување на ознаката беше здружението „Вина од Македонија“ кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБOР.

– Географската ознака „повардарски“ ќе има големо значење од историски аспект, посебно за комерцијалниот сегмент и како предводник на многу други географски ознаки од македонската винарска индустрија кои ќе се генерираат со текот на времето, беше нагласено на промоцијата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино

Утре ќе се доделат договори за грантови до 10 илјади евра за мали семејни винарии