Македонските производители на компир ќе добиваат безвирусен посадочен материјал

Од:

Македонските производители на компир ќе добијат безвирусен посадочен материјал за семенски и органски компир што сега го купуваат од странство, оваа помош ќе им се обезбеди преку заедничкиот проект на Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство и експерите од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски истакна дека со овој проект ќе се намали увозот на семенскиот материјал во земјава.

-Освен што работиме на производството на органскиот компир, проектот се однесува и на изградба на производствени, складични капацитети, лабараторија за добивање на здрав материјал и зголемено производство на семенски компир. Склучување на договори со земјоделските здруженија и други активности. Тимовите на двете клучни институции се на терен и веќе ги работат сите овие активности во претходниот период, рече Николовски.

Забележа дека заедно со тимот на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип денеска ќе направат и пресек на проектот, но и ќе се направат досегашните испитувања на сортите, со можност за, како што рече, зголемување на приносите и изнаоѓање на домашни автохтони популации.

-Техничката поддршка што ја дава Министерството, односно Програмата за рурален развој, која ја започнавме во 2018 година е со објавување на низа на јавни повици за истражување, за публикации, за анализи, стратегии. Како резултат на таа техничка поддршка во моментов започна и да се работи на новата национална Стратегија за земјоделството 2021-2027 година, рече Николовски.

Тој истакна дека во изработката на новата Стратегија за земјоделството 2021 -2027 година ќе бидат вклучени научниците, а како што посочи ова е посебно важно со отворање на поглавјата на Европската Унија. Република Северна Македонија мора да се усогласи со земјоделските политика на ЕУ, а меѓу важните теми во овој сектор е и прецизното и дигитално земјоделство што ќе биде дел и од новата Стратегија.

Повтори дека на првиот повик за ИПАР Програмата се склучени 940 договори, а веќе до Платежната агенција се пристигнати 800 барања за исплата на средствата, што значи дека проектите се реализирани. Додека на вториот и на третиот повик за ИПАРД Програмата, кои беа во јануари и февруари годинава веќе се почанти да се склучуваат и договорите со оние земјоделци и фирми од преработувачката индустрија кои аплицирале за користење на средствата.

Министерот Николоски денеска на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) присуствуваше и на второто меѓународно стручно советување „Агонаука и пракса“. Деканот на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип, Љупчо Михајлов истакна дека годинава имаат и научници од Финска, Бугарија и Србија, а темата им е „Начини за поттикнување на трансферот на знаења, технолигии, иновации во правец на проширување и продлабочување на соработката меѓу науката и праксата“.

Смета дека македонските земјоделци веќе ги следат трендовите во земјоделството и ги користат советите од науката, веќе за наредната година знаат што ќе биде темата на третото меѓународно стрично советување, а тоа е како земјоделците да ја реализираат сеидбата без обработка на почвата.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме