Македонија и официјално извозник на говедско во ЕУ

Од:

Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

– Од 7 март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско не само во земјите на ЕУ, туку и во трети земји. Ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот, истакна Поповски.

Веќе има информации, додаде, дека странски компании се заинтересирани за влез во примарното производство.

– Бројот на говеда во земјава се зголемува. Се увезуваат се повеќе високопродуктивни млечни раси, а ова е можност да се зголемат и висококвалитетните товни раси. Потенцијалот е огромен, потенцира Поповски.

Одговорајќи на новинарски прашања, подвлече дека во Македонија не се намалува ниту бројот на живина, а фармите ги задоволуваат и домашните потреби за свежо свинско месо.

Од јануари годинава Македонија е ставена и на листата за извоз на конзумни јајца, живина, живинско месо и риби на пазарите во ЕУ. Почната е постапка и за извоз на производи од риба, додека за извоз на свинско месо и производи од свинско е неоопходно земјава да добие статус на слободна од болеста класична свинска чума и да ја прекине политиката на вакцинација на свињите против оваа болест.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција