Македонија го задржа кредитниот рејтинг на Фич, „ББ+“ со негативен изглед

Од:

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед е потврден во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, извести Министерството за финансии.

„За РС Македонија е особено значајно што кредитниот рејтинг кој е резултат на спроведувањето на добрите политики е задржан во услови на големо влијание од глобалната ценовна и енергетска криза.

„Фич“ во извештајот наведува дека почетокот на интегративниот процес со ЕУ ќе ја зацврсти политиката, ќе го поддржи извозот и приливот на странски директни инвестиции, со што ќе се избалансираат негативните влијанија од конфликтот во Украина.

Агенцијата предвидува дека интензивирањето на ефектите на енергетската криза и очекувањата за контракција во еврозоната да влијаат врз растот на македонската економија, кој ќе остане во позитивна зона, а со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, подобрување на надворешната побарувачка, како и со постепената фискална консолидација се очекува растот на економијата да забрза и да достигне 3,2% од БДП во 2024 година“, велат од МФ.

„Агенцијата предвидува зголемување на странските директни инвестиции до 4% од БДП во 2022 година поради континуираните инвестиции во енергетскиот и автомобилскиот сектор.

Според „Фич“ владините реформи, како и поддршката на ММФ преку Линијата за претпазливост и ликвидност (PLL) ќе ја зајакнат фискалната консолидација, што би довело до намалување на фискалниот дефицит и стабилизација на долгот. Усвојувањето на новиот Закон за буџети ќе придонесе за зајакнување на фискалната рамка на земјава преку воведување фискални правила и формирање фискален совет.

Агенцијата во врска со буџетскиот дефицит за 2022 година наведува дека мерките што ги презема Владата како одговор на ценовната и енергетската криза во износ од 750 милиони евра, ќе влијаат врз буџетскиот дефицит во 2022 година, кој Агенцијата очекува да се намали од 2023 година со повлекување на потребата од мерки за поддршка на населението и компаниите. Исто така и во однос на државниот долг „Фич“ очекува тој да достигне 55,2% од БДП до крајот на оваа година и 56% од БДП до 2023 година.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Претходно кредитниот рејтинг на РС Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“ на „ББ-“ со стабилен изглед“, се додава во соопштението на МФ.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема никаква дилема дека тоа што е право на вработените ќе се оствари

Ана Ололовска

МФ: Ги преземеме потребните мерки за одржување и зајакнување на кадровскиот капацитет во јавната администрација

Горан Наумовски

Бесими на Еуромани: Фискалната консолидација дава резулати во намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг

Ана Ололовска

Бесими: Законот за буџети темел на реформите за подобрување на управувањето со јавните финансии

Ана Ололовска

Бесими на билатерален скрининг со ЕУ: Редовниот дијалог со ЕК придонес за насочување на капацитетите кон најприоритетните реформи

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Со новата праведна даночна реформа нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Ана Ололовска