Македонија 10-та во светот според „Дуинг бизнис 2019“

Од:

Македонија е рангирана на 10. место во најновиот извештај „Дуинг бизнис 2019“ на Светска банка, што е подобрување за една позиција во однос на претходната година.

Рангирањето е правено врз основа на 10 критериуми, а се опфатени 190 земји во светот.

Македонија е најдобро позиционирана, на седмото место, според критериумот заштита на малцинските инвеститори, а најслаб според критериумите регистрирање на имот и почнување бизнис, на 46 односно 47 место.

Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та,Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

Најдобра во светот, според „Дуинг бизнис2019“ е Нов Зеланд, а покрај Македонија во топ 10 се уште и Сингапур, Данска, Хонконг, Јужна Кореа,Грузија, Норвешка, САД и Велика Британија.

На дното на листата се Либија, Јемен, Венецуела, Еритреја и Сомалија.

Би можело да ве интересира

Груевски на бизнис забава во Будимпешта

А1он

ВИДЕО: Средба на владини со претставници на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство

Ана Ололовска

Натпреварот за зелени бизнис идеи отворен до 2-ри јуни

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Отвораме перспективи за соработка на бизнисмените на Северна Македонија и Црна Гора

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизнис заедницата испорача 78 мерки до Владата, Заев повика на поголема искористеност на буџетските пари за стопанството

Ана Ололовска

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот

Ана Ололовска