Македонците во просек трошат по 20 евра за онлајн трансакција кај домашните трговци

Од:

Трансакции во вредност од 100 милиони евра се направени со платежни картички за купување онлајн во првите три квартали од минатата година, или за 28 проценти повеќе на истиот период 2017 година. Поединечните трансакции во овој период бележат уште поголем тренд на раст, од 39 проценти, покажува денеска објавеното истражување на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Најголем дел од направените онлајн купувања, односно 63 проценти, биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра, наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци кои се 33 проценти. Четири проценти или 3,8 милиони евра од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од иматели на странски платежни картички. Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува раст од 51 процент во однос на истиот период од 2017 година, додека странците во Македонија потрошиле за 82 проценти повеќе онлајн кај домашните е-трговци. Во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансакции се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон што се реализирани онлајн со платежни картички.

Според истражувањето, онлајн купувањата кон домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници. Македонските граѓани трошат просечно 19,7 евра на една онлајн трансакција кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци. Можеби зголемената онлајн понуда од домашните е-трговци ќе придонесе кон поголема заинтересираност за онлајн купување од домашните трговци.

– Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании, исто така, треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонеснуваат кон раст на е-пазарот, смета Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Воглавно, како што укажува, недостига едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он