Мајкрософт достигна вредност од еден билион долари

Од:

Откако пријави подобра продажба и профит, Мајкрософт на берзата достигна вредност од еден билион (илјада милијарди) долари.

Американскиот софтверски гигант со тоа стана една од трите компании чија вредност изнесува еден билион долари.

Епл минатото лето стана прва компанија на берзата чија вредност е поголема од еден билион долари, а потоа за неколку месеци стана и Амазон.

Приходите на Мајкрософт изминатата година се зголемија за речиси една третина и тоа благодарејќи на растот на работењето во „облакот“ (cloud).

Компанијата соопшти дека нејзините приходи се зголемиле за 14 отсто во последниот квартал од 2018 година, а нето заработувачката се зголемила за 19 проценти.

Приходите на Мајкрософт во 2018 година изнесувале 110,4 милијарди долари. Мајкрософт има најраширени и најразновидни извори на заработувачка од сите технолошки гиганти, а најголеми меѓу нив се офис производите и клоуд услугите, серверските производи и Виндоус.

Би можело да ве интересира

Мајкрософт го издвојува Универзитетот во Штип како пример за успешна онлајн-настава

А1он

Мајкрософт за вработените во САД ја продлжува мерката работа од дома до 2021 година

Мајкрософт склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

„Гугл“ и „Фејсбук“ повикани на сослушување во руската Дума

Бил Гејтс повторно со богатство над 100 милијарди долари

ЕУ под истрага за софтверите на Мајкрософт