М-р Нора Алити: Без евроатланска интеграција, речиси е невозможно да се добие битката со привлекување на што е можно повеќе инвестиции

Од:

Песимизмот и неизвесноста се најголемиот непријател на пазарот на капитал. Лесно се менуваат стратегиите на инвеститорите, бидејќи ако очекуваат полоши времиња и политички тензии, тогаш едноставно неинвестираат и наоѓаат друга дестинација која им е поволна за вложување. Без евроатланска интеграција, речиси е невозможно да се добие битката со привлекување на што е можно повеќе инвестиции истакна Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити, на дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО” што беше организирана од страна на Институтот за бизнис и менаџмент Heidelberg – Скопје” a се одржа на 18 октомври во Скопје.

М-р Нора Алити потенцираше дека нема политички процес, без економски импликации, нема раст без инвестиции,без раст нема вработеност, а сето тоа го нема без членство во Нато и во ЕУ. Таа посочи дека пазарот на хартии од вредност, има ниско ниво на пазарна капитализација и мала ликвидност, се чини дека кога националните пазари се мали и фрагментирани еден од друг, фирмите како да не се во можност целосно да ги искористат економиите од обем.

Потребна е интеграција преку која се очекува да дојде до поврзување на ресурсите на фрагментираните и на различен степен на развој пазари на хартии од вредност, што пак ќе влијае врз можноста, да се мобилизираат локалниот и меѓународен капитал во насока на нивен инфраструктурен развој, а преку тоа и на целокупниот финансиски систем. Кога станува збор за усогласувањето со европските стандарди, нашиот пазар на капитал има и недостаток, но и предност. Недостатокот произлегува од неговите неискористени капацитети (мал промет, слаба ликвидност, сиромашен берзански материјал, пазарната длабочина и сл) па оттука потребно е и повеќе време за да јасно и прецизно се согледа оваа област, додека пак, предноста на малите пазарни ситеми е во нивната поголема моќ за брзо и ефикасно прилагодување.

М-р Нора Алити во оваа прилика ги спомена најновите трендови за формирање на посебни платформи за поддршка на т.н. startup бизниси, кои се пример за придобивките од интегрирањето. Според неа, особено се интересни т.н. crowdfunding платформи и како успешен пример го посочи младиот претприемач 22 годишниот Иван Мрвош од околината на Сплит познат по своите паметни клупи ,а кој преку компанијата Include покрена crowdfunding кампања на новата платформа на Хрватската берза во соработка со Естонската Funderbeam и успеа да собере повеќе од потребните 400 илјади евра. ,,Посакувам заклучи Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити во скоро време да зборуваме за успешните приказни на нашите Марија, Бесим, Фуркан, Новак… како иноватори со капитализирани проекти на овој начин“.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски