„Луфтханза“ им го продава на Швајцарци европскиот кетеринг бизнис вреден повеќе од милијарда евра

Од:

Германската авиокомпанија Луфтханза објави денеска дека на швајцарската фирма „Гејтгруп“ му го продава својот европски бизнис за кетеринг и уште две други подружници на „ЛСГ Групацијата“ за угостителство и услуги, без да се открие висината на договорот за продажба.

Договорот се однесува на угостителската фирма „ЛСГ Европа“, добавувачот на храна за пакувања „Еверстат“ и операторот за малопродажба „Рингелтауб“, се вели во соопштението на Луфтханза.

Тие тројца членки на Групацијата ЛСГ имаат 7.100 вработени, и остварија приходи од приближно 1,1 милијарди евра минатата година.

Луфтханза додаде дека продажбата нема да има големо влијание врз нејзиниот профит оваа или следната година.

Би можело да ве интересира

Германија има рекордни 83,2 милиони граѓани

Ана Ололовска

Полска и Германија најголеми корисници на климатскиот фонд на ЕУ

Ана Ололовска

Меркел: Трамп не е причина за заладените односи помеѓу ЕУ и САД

Ана Ололовска

Секој петти пензионер во Германија живее под границата на сиромаштија

Ана Ололовска

Четвртина Германци не знаат кој ја напишал „Ода на радоста“

Ана Ололовска

Германија ќе тестира познавање јазик веќе во градинките

Ана Ололовска