Локален економско-социјален совет во Штип со помош на УСАИД

Од:

Со поддршка од проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) на УСАИД денеска во општина Штип ќе се основа локален економско-социјален совет (ЛЕСС).

Советот ќе служи како советодавно тело за прашања како што се вработувањето на младите и врската помеѓу потребите на пазарот на трудот што ги дефинираат работодавачите и вештините кои младите ги имаат развиено во текот на нивното формално образование.

Штип е трета од шесте општини со кои Мрежата ЈЕС на УСАИД соработува со цел да се создадат локални економско-социјални совети. Советите ќе бидат клучни во отпочнувањето и одржувањето на дијалог меѓу приватниот и јавниот сектор помеѓу сите засегнати страни во заедницата кои се заинтересирани за локалните економски активности и прашањата поврзани со вработувањето на младите.

Освен претставници од општината, членовите на ЛЕСС ќе вклучат и претставници од работодавачите, работниците, граѓанскиот сектор, образованието и агенциите за вработување.

Мрежата ЈЕС на УСАИД ќе му помогне на ЛЕСС да ги развие своите капацитети за да се вклучи во продуктивна дебата и консултации, а притоа ќе ги дефинира локално релевантните совети и предлози до Општината во врска со социјалните и економски промени кои треба да се разгледаат и спроведат.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он

Поради паричен долг млад штипјанец со пиштол пукал во сограѓанин