Логоварди стана четвртиот усвоен план во Македонија за распределба на земјоделско земјиште со промена на границите

Од:

Собранието на учесници во консолидацијата на земјоделско земјиште од село Логоварди (Општина Битола) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште во Логоварди. По Егри и Трн (исто така во Општина Битола) и Дабјани (Општина Долнени), ова е четвртиот усвоен план за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите, во рамките на проектот финансиран од Европската унија МАИНЛАНД, кој е ко-финансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) и се спроведува во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира МЗШВ.

„Консолидацијата во Логоварди опфаќа 399 хектари (ха) земјоделско земјиште и 388 сопственици. Со усвоениот план за распределба на земјиштето, бројот на парцели во Логоварди се намалува за повеќе од два пати – од 789 на 364 парцели со просечна големина од 1,1 ха (споредено со 0,5 ха пред консолидацијата). Новоформираните парцели имаат правилна форма и подобар пристап до земјоделската инфраструктура, што овозможува поефикасно и поконкурентрно земјоделско производство“, соопшти МЗШВ.

„Благодарение на проектот МАИНЛАНД, конечно нашето земјоделско земјиште ќе биде подобро организирано за попродуктивно производство“, изјави земјоделецот Драги Џумковски од село Логоварди.

Според него, со расцепканите и ситни парцели било скоро невозможно да се биде продуктивен и конкурентен. Со усвоениот план за распределба, неговите 13 земјишни парцели расфрлани на далечни локации низ полето ќе бидат консолидирани во три големи парцели со правилна форма, со подобар пристап до земјоделската инфраструктура и просечна големина од 2,2 ха (наспроти 0,5 ха просечна големина пред консолидацијата). Ова ќе овозможи поголема ефикасност, како и можности за модернизација и окрупнување на земјоделското производство.

Врз основа на усвоениот План за распределба на земјиштето во Логоварди, во наредните неколку месеци проектот МАИНЛАНД ќе ја поддржи регистрацијата на ново-формираните парцели во Катастарот на недвижности, како и нивното обележување на терен.

Проектот “Воведување на Национална Програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) e финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО). Проектот го имплементира ФАО за да го поддржи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште. Буџетот на проектот изнесува 2.86 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2.5 милиони евра) и придонес на ФАО (0.36 милиони евра). Истиот се спроведува во времетраење од 68 месеци, почнувајќи од март 2017 до ноември 2022 година.

Главната цел на проектот е да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси, велат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме