Левица: Сиромашните ќе плаќаат, богатите под закрила на Анѓушев и Нина Групер!

Од:

„Помпезно најавуваниот план за „прогресивно“ даночење – како што милуваа да го нарекуваат социјал-демократите, а посебно нивните гласноговорници Бранимир Јовановиќ и Драган Тевдовски – во полето на економијата се повеќе ги покажува неговите регресивни карактеристики. Овој план беше претставен како пофер даночен систем што треба да спроведе некаква минимална прераспределба од екстремно богатите кон сиромашните слоеви кои не располагаат со ништо друго, освен со својата работна сила.

Ваквата „реформа“ денес можеме на увидиме дека е само една обична збирштина на мерки со кои најголемиот дел од парите во буџетот ќе се собираат од граѓаните кои имаат најмалку, за да потоа власта преку тендерите ги префрли во бизнис-секторот на фирми блиски до неа“, велат од Левица.

„Дополнително тука се и трошоците со кои Република Македонија, како наредна членка на НАТО, ќе биде соочена, а кои владата на социјал-демократите очигледно планира да ги покрие со парите собрани од џебот на безимотните класи – токму преку најавеното „одложување“ на зголемувањето на данокот на капиталните добивки, за кое нема ниту една добра причина да веруваме дека нема да биде трајно.

Не само што досегашните дивиденди и камати на богатите нема да бидат дополнително оданочени, туку ваквото пролонгирање на повисокото даночење на капиталните добивки остава можност за сопствениците на капитал легално да го избегнат најавеното 18% даночење на приходите над 1500 евра. Тие сега ќе можат да ги повлечат своите милиони во форма на ниско-оданочени дивиденди, наместо во форма на високо-оданочени плати. Трошоците на државата ќе бидат подмирени од страна на работното население кое живее скромно од чесно заработената плата и кое нема капитал, не добива дивиденди, ниту не му се исплаќаат камати како што им се исплаќаат на 300 илјади евра на Нина Групер и 3,8 милиони евра на Кочо Анѓушев кои ги поседуваат во банкарски депозити.

Излишно е веќе и да се споменува данокот на добивка (различен од данокот на капитални добивки). Левица безброј пати укажуваше дека социјал-демократите во својата програма експлицитно нагласуваат дека тој данок нема да го променат, гарантирајќи дека милионските профити на олигархијата нема да бидат чепнати. Уште повеќе е излишно да се зборува дека социјал-демократската влада, со свесна или несвесна помош на дуото Јовановиќ и Тевдовски, продуцираше и пласираше лага во јавноста – лага дека во Македонија ќе има пофер даночен систем, дека богатството ќе биде прераспределено кон сиромашните и дека парите ќе се вратат кај граѓаните. Оваа најнова отстапка е само очекуван шамар од страна на социјал-демократската влада за сите оние кои беа прелажани од нивноте слаткоречиви ветувања за просперитет и економска правда“, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Левица: Бугари во Устав е предавство, на денешен ден започна бугарската фашистичка окупација на Македонија

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

Левица со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието” ќе настапи на Парламентарните избори

Левица: Тревниците неискосени, општината претворена во змијарник, а Тимчо го нема

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите