Левица го поддржа протестот на КСС во Прилеп: Стоиме зад сите барања кои имаат за цел подобрување на животот на работниците

Од:

Политичката партија Левица изрази поддршка на протестот на КСС во Прилеп на кој се бара усогласување на платите согласно минималната плата и реалните промени на трошоците за живот и обезбедување на правото на регрес за годишен одмор (К-15) за сите вработени во јавниот сектор.

„Последниот период сме сведоци на повторно актуелизирање на работничките прашања и синдикалната борба, што е сосема нормално и очекувано ако се земе предвид фактот дека на власт е повторно партија која е во спрега со крупниот капитал и која работи на штета на работниците.

Синдикатот на УПОЗ излезе со барање за судските службеници да добиваат 35% на додатоците за плата и да им се вратат незаконски задржаните пари на работниците за време на штрајкот во 2016 година, како реакција на зголемувањето на платите на судиите за 35%. Синдикатот најави дека доколку овие нивни барања не бидат исполнети, тие ќе започнат штрајк. Треба да го имаме предвид фактот дека овој синдикат ги има организирано најдолгите штрајкови во историјата на Република Македонија (60 дена во 2016 година и 82 дена во 2000 година). Владата на Зоран Заев би можела да биде сериозно потресена од уште еден долг штрајк на административните работници.

Исто така, Конфедерацијата на слободни синдикати истакна барања за промена на Општиот колективен договор за јавен сектор, усогласување на платите согласно минималната плата и реалните промени на трошоците за живот, обезбедување на правото на регрес за годишен одмор (К-15) за сите вработени во јавниот сектор и други барања. КСС најави свој протестен марш во Прилеп за 15.12.2018 со почеток во 11:30 часот.

Левица како работничка партија застанува зад сите барања кои имаат за цел да го подобрат работничкиот живот и да го зголемат достоинството кај работниците. Потребни се мобилизации и повторно освојување на јавниот простор од страна на работниците како и масовно вклучување во синдикатите со цел нивна демократизација и претворање во вистински алатки за социјална и работничка борба!

Членови на прилепскиот огранок на Левица ќе бидат присутни во Сабота помеѓу работниците во Прилеп за да ја изразат својата солидарност и поддршка!
Само заедно сме посилни“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ​​​​​​На граничниот премин Ќафасан – јарболот празен и државното знаме фрлено на земја

Предраг Петровиќ

Левица ги потврди носителите на листите за пратеници

Левица изрази сочувство до жртвите на терористичкиот напад во Москва и нивните семејства

Левица: До каде е исплатата на ветената финансиска поддршка за учениците?

Левица: Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27.000 евра за четири дена снег

Апасиев, Мециновиќ, Крмов, Јанчев, Мојсоска и Димески, носители на листите за пратеници на Левица

Горан Наумовски