Легализација на фарми, оранжерии и трла

Од:

На собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, помина првото читање на предлог измената на законот за земјоделско земјиште, со што објектите изградени на земјоделско земјиште ќе можат да се легализираат за едно евро од квадрат.

Со овие измени на законот се овозможува да се легализираат бесправно изградените објекти на земјоделско земјиште со што тие ќе добијат правен статус и ќе можат да се користат за давање под хипотека или да може да конкурираат за средствата од Ипард програмата.

„На теренот има голем процент на вакви објекти, најмногу оранжерии, фарми, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи и затоа ние со овие измени, им излегуваме во пресрет на барањата на земјоделските производители,“ рече заменик министерот Зоран Коњановски.

Најголемиот проблем при аплицирање за европските пари беше токму немањето на имотен лист за земјоделските објекти и ова со години го посочуваа земјоделците како голем проблем.

„Ова е добра измена на законот и одамна барана од страна на земјоделците. Повеќе од деведесет насто од земјоделците, со години укажуваа дека неможат да аплицираат за Ипард програмата поради што досега веќе изгубија 40 милиони евра колку што е фондот Ипард за 2007-2013 година, од овие пари имаме искористено само 4 милиони евра. Зошто дури сега се носи оваа измена, зошто ги изгубивме овие европски пари, праша Ленче Николовска, претседател на Комиисјата за земјоделство.

Пратеникот Панче Орцев од СДСМ кажа дека неговата пратеничка група ќе ги подржи овие измени на закон но реагираше на доцнењето на измените од една цела година откако е донесен законот за легализирање на бесправно изградени објекти на градежно земјиште.

-Дали сето ова беше смислено за да може власта да додели прво земја под концесија на свои луѓе кои потоа имаат изградено објекти и сега согласно овие измени ќе бидат легализирани за едно евро од квадрат. Имаме право да се сомневаме во ваквите намери на Владата бидејќи искуството ни кажува дека ништо оваа Влада не носи без да има некаква корист за сопствените партиски војници-изјави Орцев.

Пратениците од власта едногласни дека со овие измени се решава еден голем проблем на земјоделските производители и дека ќе придонесе за поголем развој на македонскиот аграр.

Комисијата за земјоделство, шумартсво и водостопанство оцени дека предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Би можело да ве интересира

До 25 декември аплицирање за дополнителни директни плаќања сертифицирани како растително и сточарско органско производство и производство во преод

А1он

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Северна Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој, оценува ЕК

Ана Ололовска

Производителите на ориз повторно го блокираа патот Штип – Кочани, бараат итна исплата на субвенциите и договор за откупните цени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за арпата

Ана Ололовска

Асоцијацијата на земјоделци против новите цени на лебот

Мери Јордановска

4 comments

СИГМА 13/06/2012 - 20:43 at 20:43

Оти сега се на заминување тоес во скора иднина опозиција.Па што можеш,приграби од народ укради на на деда и внучињата можат раат да си живеат.Ама пусти закон вели:Од народ и држава украдено до динар ќе се врати и во Шутка соденови и месеци одлежи.А после раат ќе тргате ИДРИЗОВО ве чека.

Reply
Gajver 15/06/2012 - 00:03 at 00:03

На овој му одговара улогата на заменик министер за земјоделие и шимарство. Фацата му е како на коњ. Па и самото негово презиме асоцира на тоа. Кој подобро ќе го разбере селанецот од стоката.

Reply
СИГМА 30/06/2012 - 11:55 at 11:55

Море арен е за овчар ама на БРАВИТЕ.

Reply
suzana petrovska 17/09/2012 - 15:00 at 15:00

Jas imam edno prasanje.Vo koj sluzben vesnik pisuva za LEGALIZACIJA NA BESPRAVNO NAPRAVENI FARMI SO POMOSNI PROSTORII DEKA E BEZ PARI.
ODNAPRED VI BLAGODARAM.POZDRAV

Reply

Leave a Comment

two × one =