Леарницата во Пробиштип се очекува да почне со производство од следната година

Од:

Леарницата на компанијата „Карунфилд фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип се очекува да почне со работа од наредната година, информира градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

– Последните информации коишто ги имаме, бидејќи тоа е под ингеренција на Владата, се дека е потпишан договор за зголемување на капацитетот, односно дополнителни 20 милиони денари за наредните пет години. Она што го имам како информација од Кабинетот на министерката Апостолска е дека планот на „Кранфилд фаундри“ е во март 2019 година веќе да почне со производство, вели Анастасов.

Леарницата зафаќа површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни. Инвестицијата на компанијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно да се вработат околу 300 лица. Во првата фаза предвидени се 150 вработувања, од кои 50 се за лица со високо образование.

Би можело да ве интересира

Пожар во близина на Пробиштип

Царовска од Пробиштип: Воведовме бенефициран стаж за рударите и ги зголемивме капацитетите во градинките

Маж се затрул од истечена плинска боца во Пробиштип

Наум Локоски

Николовски на трибина во Пробиштип: Имаме поддршка од целата меѓународна заедница и мора да ја искористиме

Наум Локоски

(ВИДЕО) Николовски: Влезот во НАТО и ЕУ ќе значи инвестирање во земјоделството и во подобар живот за идните генерации

Наум Локоски

(ВИДЕО) Заев од Пробиштип: На референдумот да ја осигураме и обезбедиме независна Македонија

Наум Локоски