LeanSEM: Македонска маркетинг приказна, успешна во светски рамки

Од:

Речиси од почетокот на годинава светот го зафати една од најголемите здравствени и економски кризи на нашата генерација, па затоа веруваме дека е убаво да се слушнат и некои позитивни вести. Така доаѓаме до една навидум мала маркетинг агенција, која работи со големи клиенти и Буџети – LeanSEM е македонска маркетинг агенција, која менаџира Google и Facebook кампањи за над 50 клиенти од Силиконската Долина. Меѓу нивните клиенти се компании како: MasterClass, Udаcity и Dialpad.

Основа за напредокот на компанијата се членовите на тимот – вработените. Тие се фокусираат на резултатите од кампањите како тоа е да е „спорт“. Постојаното барање на раст на „бројките“ на клиентите, како и решавање на секој нивен проблем се главна одлика на сите во LeanSEM. Со оглед на растот на компанијата, тие се во константна потрага по нови членови на тимот. Експертите кои веќе работат таму се подготвени да им дадат поддршка на сите нови членови, но нивно е да ја одберат работата во LeanSEM како стил на живот и кариера, а не само работа.

„Јас сум дел од LeanSEM тимот повеќе од 4 години, но мојата кариера не започна таму. Претходно работев во еден од телекомуникациските оператори – во маркетинг тимот. Таму стекнав супер искуство! Сепак, по одредено време сфатив дека моите можности за раст се ограничени, а и можностите за платата кон која целам исто така. Она што го барав од мојата идна работа е можност да станам експерт, да вложам многу труд, но и сето тоа да ми биде наградено. Така дојдов во LeanSEM. Искрено, од самиот почеток сфатив со какви клиенти си имам работа, тоа се клиенти кои навистина бараат резултати“, изјави Габриела Лазова од LeanSEM во интервју за Канал 5.

Фото: Габи за LeanSEM на Утринската програма „Здраво Македонијо“

Паралелно со успешноста на вработените во носењето на резултати, тие растат во компанијата. Важно е да се посветите на работата, но можностите за ваш профеесионален раст зависат само од вас, нема горна граница.

„Имав огромна поддршка од тимот и менторот кои увидоа дека носам резултати. Работејќи посветено за само 6 месеци, успеав да станам Senior Manager, а во рок од 1 година, успеав за 5 пати да си ја зголемам платата.“ – додава Габи.

И во Македонија можете да работите за клиенти од Силиконската Долина, но и да се развивате еднакво брзо како да работите таму. Најважно е да сакате резултати и да сте „зависни“ од анализирање и констатно подобрување како што тоа го прават овие компании. Според Лазова, ова не е уште една работа од 9 до 5, туку можност да изградите кариера и да бидете соодветно наградени.

Доколку се пронајдовте во оваа статија и сакате да се информирате подетално на темата, погледнете ги вредностите кои секој член на LeanSEM тимот треба да ги има и аплицирајте за некоја од отворените позиции.

LeanSEM е вистински пример за македонска маркетинг приказна, која е успешна во светски рамки, а најзиниот тим и „играчите“ во него се причината за тоа.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

CAMMEO TAXI го вози цело Скопје за 3 дена гратис – Интервју со М-Р Стефан Николиќ, Извршен директор на Cammeo Група Македонија

Ана Ололовска

Мини и Макси на Државна лотарија додели уште еден BMW X1

Ана Ололовска

Милион денари од Златна Рипка во Прилеп

Ана Ололовска

Со 30 денари до 200 000 денари – одличен викенд во Спорт Лајф!

Ана Ололовска

Денес 20-ти јануари е вашиот најсреќен ден – Ден со најголеми попусти во сите Нептун продавници!

Ана Ололовска

Доделен и четвртиот автомобил од големата наградна игра на Mozzart

Ана Ололовска