ЛДП: Груевски, народот е гладен

Од:

Либерално демократската партија реагира на, како што велат, катастрофалната состојба во Република Македонија.

Кон неодамнешното фијаско од Брисел, кога Македонија не беше спомната ниту во агендата ниту во заклучоците на Самитот на ЕУ заради дефицитарноста на демократијата, медиумската слобода и нерешавањето на спорот околу името, Македонија е неславниот рекордер и според висината на стапката на невработеноста и стапката на сиромаштијата, укажува ЛДП.

Според агенцијата на ЕУ, ЕУРОСТАТ, животниот стандард на граѓаните на РМ е три пати понизок од просечниот стандард на државите членки на ЕУ. Нашите граѓани успеваат да преживеат благодарение на поевтината храна. Меѓутоа во однос на минатиот јуни и Македонија бележи рекорден раст на трошоците на животот за 4,2% а со тоа и на храната се констатира од страна на Републичкиот завод за Статистика.

Ова ново осиромашување се должи на високата инфлација од околу 4% ,односно високите цени на земјоделските и прехрамбените производи.

За месец мај оваа година потрошувачката кошничка на просечното македонско семејство изнесува 32.506 денари или над 500 евра, што е за 1.200 денари поскапа од минатогодишната потрошувачка корпа.

Тоа значи дека на секое семејство му се потребни минимјум приходи од 32.000 денари. Се прашуваме како излегуваат на крај оние 500.000 невработени граѓани за кои владата на Г. Груевски не направи ништо?

„Секако за да се покријат овие тажни бројки и да се пренасочи незадоволството на јавното мислење од луксузниот живот на власта, владеачката коалиција ДПМНЕ и ДУИ фингираат наводна тензија во коалицијата,споменуваат предвремени избори, занимувајки се самите со себе а не со сериозните социјални и економски проблеми.

Таквата приказна е патетична и веке видена. Премиерот Груевски веке две години троши пари по неговите егзотични роуд-шоа прошетки без никакви позитивни ефекти за македонското стопанство. Народот е гладен, Г-дине Груевски наместо со непродуктивни градби и инвестиции, наместо со скапите и непотребните патувања од Ванкувер до Владивосток, посветете им внимание на сиромашните и тие пари што ги трошите со вашата свита, поделете им ги на социјално загрозениите“, бара ЛДП.

Би можело да ве интересира

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма