Лани за 6,5 процени пониска просечната цена на становите

Од:

Просечната цена на метар кваратен станбена површина во 2016 година изнесувала 43.091 денар, што е за 6,5 проценти помалку во однос на 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје лани просечната цена на метар квадратен станбена површина е 50.829 денари, за 3,9 проценти помалку во споредба со 2015 година, а во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32.721 денари, или за 1,6 проценти помалку во однос на 2015 година.

Во второто во однос на првото полугодие во минатата година просечната цена на метар квадратен станбена површина е намалена за 5,9 проценти, а во Скопје намалувањето изнесува 3,8 проценти.

Наведените просечни цени на метар квадратен станбена површина се без Данок на додадена вредност.

Би можело да ве интересира

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Орце Костов

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

Орце Костов

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска