Лагард: Строги мерки за Грција или прилагодување

Од:

Грчката левица ќе мора да се соочи со строги фискални мерки, дури и во случај да го отфрли барањето за строго штедење кои беа наметнати со програмата за спас на Грција,изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд , Кристин Лагард, порачувајќи дека учеството во еврозоната си има своја цена.

За ММФ е јасно- учеството во еврозоната си има своја цена, а тоа е и нивната порака до Грција.

„Таа цена е зголемување на продуктивноста на работната сила, тоа се структурни реформи, тоа е фискална консолидација во случај некоја држава да има толку голем буџетски дефицит, тоа е во извесен степен враќање на финансиските пазари заради финансирање на долгот“, укажа Лагард, додавајќи дека посочените мерки мора да бидат преземени.

Доколку грчката левица да ја отфрли програмата за строги мерки за штедење кои се услов за добивање на помош за спасување од 130 милијарди евра од Европската унија и ММФ, тогаш болните прилагодувања се неизбежни, посоочила Лагард.

Левицата би можела да ги отфрли строгите мерки, „но, во замена за што? Веројатно за уште потешки мерки кои и онака мора да се преземат“, рекла Лагард.

Алексис Ципрас, лидерот на Сириза, грчката радикална левичарска коалиција која се противи на строгите мерки за штедење, рекол дека неговата партија нема да бара напуштање на еврото доколку на претстојните избори на изборите на 17-ти јуни дојде на власт.

„Глас за левицата не значи дека ние ќе го напуштиме еврото, туку ќе го зајакнеме“, рекол Ципрас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција