КЗД: Висок степен на дискриминација на жените во работните односи

Од:

Комисијата за заштита од дискриминација по повод престојниот Ден на жената 8 Март изразува загриженост за високиот степен на дискриминација во областа на вработувањето и работните односи, што, како што посочува, се изразува преку пониските плати на жените, нивниот помал процент на раководни и подобро платени работни места и големиот број на огласи за вработување кои го оневозможуваат вработувањето на жените, а пред се на повозрасните.

– Комисијата е загрижена и за статусот на бремените жени, мајките, самохраните мајки и мајките на децата со попреченост како на работните места, така и во останатите области на општественото живеење. Потсетува на потребата за засилени активности за да им се обезбеди еднаков третман на возрасните жени, жените со попореченост, жените ромки, жените во социјален ризик и самохраните мајки во здравствената и социјална грижа, домувањето и пристапот до услуги, се вели во соопштението од КЗД.

Оттаму упатуваат апел до образовните институции и единиците на локалната самоуправа за поголема свесност за потребата од поголема опфатеност на девојчињата Роми, од руралните средини, од сиромашните семејства и оние со попреченост, во образовниот процес.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

Орце Костов

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени