КСС: Трансферот од јавен во приватен сектор ќе се користи за уцени и заплашувања врз вработените

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на прес-конференција го повтори ставот дека е против трансферот на вработени од јавен во приватен сектор бидејќи според нив оваа реформа ќе се користи за уцени и заплашување врз вработените.

– Прашуваме зашто е потребен овој трансфер на веќе обучени административци кога сведоци сме дека во последниве три години се вработени преку 40.000 нови вработени во јавниот сектор, бројка која е далеку поголема од онаа што се прикажува вишок во јавниот сектор. Во последниот период, особено последниот месец, во многу институции се поведуваат многу постапки за дисциплински престап, што само по себе повторно кажува дека целата таа операција е отпочната, но освен ние, другите молчат и го одборуваат тој чин. Тие притисоци почнуваме да ги трпиме и ние самите затоа што тоа не не одминува и нас како синдикални лидери со цел да се направи притисок и врз нас кои јавно и гласно зборуваме за трансферот. истакна претседателот на КСС Благоја Ралповски.

КСС бара наместо парите за овој трансфер да му се даваат на бизнис секторот, да се пренаменат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и да се донесе законско решение за предвремено пензионирање на сите што имаат полни 60 години, со полн стаж.

Според КСС, со неодамна потпишаниот колективен договор за јавен сектор ќе се легализира овој трансфер на мала врата.

– Предвестие на таа цела операција се неуставниот колективен договор кој е потпишан во последните денови пред распуштање на Собранието, потпишани низа незаконити поединечни колективни договори еден месец претходно, за кои трудовиот инспекторат утврдува дека е прекршен законот за работни односи и бара од надлежните да се постапи по тие укажувања и секако анкетните листови за функционалната анализа кои се противзаконски, кои никако не можат да бидат функционални затоа што е направена методологија и треба да се постапи по неа, а со овие анкетни листови само се дава можност на директорите да вршат закани, заплашувања и уцени врз вработените во јавниот сектор затоа што за потребата од едно работно место сега одлучуваат само тие, велат од КСС.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска