КСС со подршка за генералниот штрајк на СОНК и повик до родителите за солидарност кон просветните работници

Од:

КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и незадоволството од платите. Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КСС, соопштува Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК. КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори.

Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образовaнието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со серизоен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца.

Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат за статусот кој го заслучуваат.

Браќа и сестри, членови на СОНК, КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија.

Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија“, се вели во соопштението на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

Би можело да ве интересира

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Павлова-Николовска

ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците

СДСМ: Преку дијалог со СОНК до решенија и најголемо покачување од 15 отсто на платите во образованието

15 посто повисоки плати во образованието договориле СОНК и Министерството за образование

Катерина Павлова-Николовска

И вработените во градинките веројатно ќе добијат плата за деновите од штрајкот

Катерина Павлова-Николовска