КСС против селективно зголемување на платите

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати реагира на парцијалното зголемување на платите за пет проценти само во образованието, здравството и одбраната предвидено со Предлог-буџетот за 2018 година.

Бараат усогласување на платите во јавниот сектор соодветно на процентот создаден со покачувањето на висината на минималната плата и итно отпочнување на преговори за зголемување на платите во јавниот сектор за проценти кои ќе бидат утврдени преку преговори со репрезентативните синдикати, а кои би се реализирале заклучно со јануарската плата следната година.

Доколку не се прифатат овие барања, од КСС најавуваат порадикални мерки кои подразбираат и организирање на протести и штрајкови.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски денеска на прес-конференција рече дека со селективното зголемување на платите се врши дискриминација и оти не може за одредени сектори да има, а за одредени сектори да нема пари.

– Ако нема социјален дијалог и конструктивни преговори во кои можеме да најдеме заеднички параметар околу платите тогаш може да се случат порадикални дејствија, рече Ралповски.

На денешната прес-конференција претседателите на гранковите синдикати членки на КСС изразија незадоволство што со зголемувањето на платите предвидено со Предлог-буџетот за 2018 година, се заборавени државната администрација, затворите, инскециските служби, судската администрација, културните и научните работници.

Од КСС бараат воведување на К-15 и во државниот сектор и повторно обвинија дека нема социјален дијалог во државата.

Би можело да ве интересира

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите