КСС презентираше дополнителни докази за фалсификување на репрезентативноста на социјалните партнери

Од:

Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција презентираше документи дека еден од синдикатите, односно МЕСО е исклучен од Сојузот на синдикати на Македонија, за што има судска пресуда. Тој презентираше и дополнителни документи на кои има одлука за исклучување на четири синдикати од ССМ.

– Овие синдикати се исклучени во 2017 година, тогашниот министер за труд и социјална политика на 1 јуни 2017 година достави решение број 08-8191/10 од 29 декември 2016 година до Централниот регистар каде што бара да се запишат синдикатите во ССМ. Од кои причини не постапил Централниот регистар ние не знаеме. Но според Законот за едношалтерски систем, член 5 должен е да постапи, додава Ралповски.

Претседателот на КСС информираше дека дополнителните докази, КСС ги достави до актуелната министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при што бара решението на ССМ да биде прогласено за ништовно, бидејќи како што вели тој донесено е со манипулации и фалсификат.

-Во Централниот регистар одбиваат да ги запишат, иако можат да имаат правно дејство само ако се запишани во регистарот исто така бараме да се поведе постапка пред надлежни институции за манипулација и фалсификување, додава тој.

Барање до Министерството за труд и социјална политика, како што посочи Ралповски е да го поништи решението, да ги запишат синдикатите на сојузот, што постојат во моментов и додаде дека КСС чека две години, заедно со членовите да бидат заштитени нивните права, но вели дека фалсификатот нанел штета на голем број работници во државата.

Пред неколку дена, КСС презентираше документи, со кои се докажува моментот на фалсификување на Економско социјалниот совет и фалсификување на репрезентативноста на социјалните партнери, пред се записник од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) каде што со тужба е исклучен еден синдикат.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска