КСС останува на ставот да протестира во среда пред Владата

Од:

„И покрај нашите јавно изнесени ставови и покрај многуте реакции од меѓународните синдикати и укажување за кршењето на законите и конвенциите на Меѓународната организација на трудот ратификувани во Собранието на Р.Македонија, кои се обврзувачки, и покрај нашиот најавен протест на 17.01.2018 година, за кој ги известивме и Владата на РМ и надлежните министерства и понатаму продолжува молкот, игнорирањето, дискриминацијата, притисоци, отпушатња од работа, но не и одговорност да се седне на маса со репрезентативните синдикати и да се разговара и изнајде решение за нашите легитимни барања за подобрување на стандардот на вработените во јавниот сектор согласно законите и колективните договори“ изјави Благоја Ралповски.

Затоа денес КСС го потврдува својот став и подготвност да ги одбрани своите права од одлуката донесена на 21.12.2017 на Конференција на КСС, највисок орган меѓу два Конгреса.

Јавниот предупредувачки протест ќе се одржи на 17 Јануари 2018 година пред платото на Владата на РМ, со почеток во 5 мин. до 12 часот.

„Веднаш, а најдоцна до 16 јануари 2018 година, Претседателот на Владата на Република Македонија или од него овластени претставници да организира работна средба со раководството на КСС, со цел на договарање на заеднички решенија за надминување на состојбите кои се причина за организирање на ЈАВНИОТ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ.
– Веднаш да престанат притисоците врз вработените во јавниот сектор, а особено притисоците врз синдикалните претставници и обидот за загушување на синдикалното движење.
– Веднаш да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата од Октомври 2017 година.
– Веднаш да започнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор без дискриминација на одредени дејности.
– Веднаш да започнат преговори за измена и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со цел подигнување на работничките права во делот на минат труд, правото на регрес за годишен одмор и породилното отуство.
– Задолжително да се усогласуваат барањата за платите во јавниот сектор помеѓу репрезентативните синдикати и Владата, пред секое планирање на Буџетот на Р.Македонија“, се барањата на КСС до Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска