Криза? „Ферари“ продаде рекорден број автомобили во 2012-та година

Од:

Италијанскиот произведувач на луксузни автомобили “Ферари” објави дека оствари нов рекорд во продажба испорачани возила во првата половина на 2012.

Вкупно испорачале 3.664 автомобили,што представува пораст од 7,4 проценти во однос на првата половина од прошлата година.

Компанијата исто така забележала нето профит од 131,7 милиони долари повеќе,што е за 10 проценти повеќе од истиот период лани. Поред тоа, „Ферариевиот“ трговски профит изнесуваше 198,9 милиони долари и поголем е за 14 проценти на годишно ниво.

Најголемиот пазар за автомобилите на „Ферари“ и понатаму е САД, каде италијанскиот произведувач испорачал 851 возило во првата половина на 2012.

Вкупната продажба во САД пораснала за 17 проценти,додека во Велика Британија за 43 проценти бидејќи таму “Ферари” на салоните им испорачал 393 автомобили.

Продажбата на „Ферари“ во Кина порасна за 10 проценти.

Во поширокото подрачје на Кина,кое ги вклучува Хонг Конг и Тајван продажбата е зголемена за десет проценти и испорачани се околу 400 автомобили, додека на Блискиот исток „Ферари“ ја зголеми продажбата за седум проценти и таму испорача 191 возило.

За разлика од тоа, во Италија Ферари во првата половина на годинава забележа 25,5 проценти помалку испораки на возила во однос на претходната.

Наместо минатогодишните 251 автомобили испорачани се 187.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска