Ковачевски: Успеавме, просечната плата надмина 30.000 денари

Од:

Премиерот Ковачевски преку видео обраќање се заблагодари на сите владини претставници во овој и минатиот мандат за трудот кој го вложиле во реализација на едно од најважните ветувања на Владата, просечна плата од над 30.000 денари.

„Владата предводена од СДСМ го реализираше едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари.

Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. И покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат.

Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме“, рече Ковачевски.

„Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а Буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните.

За крај, изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Докажавме дека ветувањата ги исполнуваме и од зацртаните цели не отстапуваме“, додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Просечната плата во јануари 39 542 денари

Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари, Мицковски до СДСМ за просечната плата

40 илјади денари е просечната плата во земјава пресмета Статистика

Просечната плата за ноември е 38.359 денари

Катерина Ѓуровски

Просечната плата во октомври 38.843 денари

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра

Орце Костов