(ВИДЕО) Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со претставници од Владата, првиот вицепремиер и министри, и генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаичната електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема.

„Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски доминантно застапените фосилни енергенси, се насочува кон енергетски капацитети кои ќе го користат сонцето што го имаме во изобилство во текот на целата година, како и ветерот, водата и гасот. Затоа со задоволство ја прифатив поканата, денеска да присуствувам на отпочнувањето на тест периодот на монтираната опрема на фотонапонска електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ, изградена на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“, рече Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

„Навистина е за почит што токму на ова место кое е некогашен загадувач на животната средина, веќе имаме капацитет кој е подготвен од сончева, да произведува чиста и зелена енергија. Придобивките од оваа инвестиција се повеќекратни. Освен што со годишното производство од оваа нова фотоволтаична електрана од 15 до 17 гигават-часови ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина. Со ова како Влада, покажуваме вистинска грижа за заштита на животната средина.

Овој проект е од огромна важност, бидејќи е прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка во чиста технологија. Истиот е пример за одлично спроведен проект во целиот регион на Југоисточна Европа, и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан.

Токму поради тоа овој проект е реализиран со кредитна поддршка од Европската банка за обнова и развој која ги препозна заложбите на државата да се насочи кон производство на енергија од обновливи извори.

Официјалното пуштање во употреба на оваа фотоволтаична електрана, веднаш по завршувањето на тест периодот, значи почеток на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ и Кичевскиот Регион“, изјави Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов