Ковачевски: Се заработува на грбот на граѓаните – не сакаат да испорачаат леб оние кои добија најголеми субвенции за струја

Од:

Компаниите кои не сакаат да произведуваат и испорачуваат леб се тие компании кои добија најголеми субвенции за електричната енергија, изјави Премиерот Димитар Ковачевски

Дециден е дека одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб, е донесена врз основа на законите за трговија, за заштита на потрошувачи и заштита од конкуренција.

-Сите законски одредби ќе бидат искористени. Ние тоа го кажавме и на прес-конрефенцијата, дека прво ќе настапи замрзнување на цената на овие основни прехранбени производи, потоа ќе бидат искористени и други мерки. Морам да искажам разочарување од дел од производителите, бевте сведоци дека беа објавувани сметки дека таков тип на леб некои го продаваат и по 50 денари во доцни ноќни часови. Се заработува на грбот на граѓаните. Во вакво време кога сите треба да покажеме солидарност, тоа по мене е нешто најлошо што може да го направи една компанија, рече Ковачевски.

Тој им се заблагодари на оние фирми кои ја почитуваат владината одлука за замрзнување на цената.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99,98 отсто поддршка на Конгресот на партијата

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Горан Наумовски

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Ковачевски: Претстојните избори се клучни за иднината на државата

Ковачевски: Со новата изборна програма на СДСМ, 750 милиони евра во директни плаќања и над 100 милиони евра за рурален развој

Ковачевски: Ќе поддржиме решение за секој граѓанин да може да го оствари правото на глас

Горан Наумовски