Ковачевски се пофали: Успеавме, просечната плата е 34.000 денари

Од:

Ветувањето за просечна плата од над 34.000 денари до 2024 година, го остваривме речиси една година порано, напиша на својот фејсбук профил премиeрот на Македонија, Димитар Ковачевски.

„Според најновите податоци таа изнесува 34.364 денари во декември 2022 година, што е покачување за 4.421 денари или за 14,8% во период од само една година.
Ова е резултат на позитивните мерки и политики кои ги спроведува оваа Влада. Сето ова го направивме возможно во услови на голема глобална криза.
Продолжуваме и понатаму, овозможуваме раст и развој на економијата и го подобруваме животниот стандард на граѓаните“, тврди Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски – Зеленски: Македонија продолжува со поддршката за Украина

Ковачевски: Стратешка цел на Северна Македонија е полноправното членство во ЕУ до 2030 година

Горан Наумовски

Средба Ковачевски-Макрон: Македонија ја има француската поддршка за реализирање на европската агенда

(ВИДЕО) Ковачевски: Одлуката пред дел од партиите е дали се за ЕУ, НАТО и САД или ќе останат заложници на Левица

Ковачевски би го поддржал Меџити за укинување на организациските директори

Ковачевски: Владата ќе ја разгледува иницијативата за уставни измени, ќе го поканам Мицкоски на средба